Додека ИДФ го напаѓа јужниот дел на Газа, Израел на север издаде наредби за една од најмасовните евакуации на цивили, јави Би-Би-Си. Големи делови од градот Газа, област веќе делумно уништена од бомбардирање, се прогласени за небезбедни, а жителите кои се засолнуваат таму се повикани да заминат поради сопствена безбедност пред „интензивните напади“ на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Меѓу зградите што ги истакна Израел се Исламскиот универзитет, болницата Ал-Шифа и три поранешни училишта.
Најмалку 29 луѓе загинаа, а десетици се повредени во израелските воздушни напади врз северниот и јужниот дел на Појасот Газа, соопшти утрово палестинската Цивилна одбрана.