1 (4) ■ вести > македонија ■ 17-May 07:00 -> 17-May 22:56
.
.
.

Променливо облачно, во западните делови повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд.

3 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 13:44 -> 17-May 09:35
.
.
.
.

МИЦКОСКИ: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

  • Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

  • Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите

  • Мицкоски за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство-За нас овој настан е историски

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

На Самитот премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.

Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.

За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство, изјави премиерот на Македонија Мицкоски веднаш по заедничката пресконференција со британскиот премиер Кир Стармер.

4 (38) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 07:00 -> 16-May 18:26
.
.
.
.

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

  • Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

  • Во Кривичен прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче

  • Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче, ќе се изведуваат дополнителни докази

Прашањето за оружјето на обвинетиот Боре Видевски и недостатокот од траги за испукување во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), според неговиот бранител, адвокат Бојан Манев е контрадикторно.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основниот Кривичен суд Скопје со почеток во 10 часот.

Денеска во Основен кривичен суд продолжува судењето за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

5 (65) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 08:03 -> 17-May 07:45
.
.
.
.

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

  • Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • Таравари до Мицкоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство

  • Таравари: Јас ќе поднесам оставка, а другите функционери ќе бидат разрешени

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците (АА), до премиерот Христијан Мицкоски попладнево поднел неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

8 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 07:00 -> 16-May 09:42
.
.
.
.

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

  • Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

  • Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес

  • Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта е во посета на Скопје.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството.

„Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец.

10 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 17:52 -> 16-May 15:12
.
.
.
.

Муцунски по средбата со Мајнл-Рајсингер: Односите меѓу двете земји се одлични, Австрија е најголем странски инвеститор

  • Австриската министерка со порака од Скопје: Билатералните прашања да не бидат камен на сопнување на патот кон ЕУ

Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија, мојата ценета колешка Беате Мајнл-Рајсингер.

Сериозни сме во однос на поддршката за државата на патот кон ЕУ. Ние гледаме колку е направено од ваша страна и колку многу чекори се направиле, и сега веќе 20 години поминале оттогаш, и дека сме и ние сега должни да направиме билатералните теми да останат билатерални, а да не се поставуваат како камења на сопнување, порача од Скопје австриската министерка Беате Мајнл-Рајсингер на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Повеќе од
оваа категорија

6 (20) ■ спорт ■ 15-May 14:19 -> 16-May 23:12
.
.
.
.

Галевски: Знаеме што нѐ чека во Атина, но сме играле пред полни трибини

  • Мукаетов им посака среќа на ракометарите на Алкалоид пред финалната битка во Атина (ФОТО)

  • Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Иван Галевски е еден од ракометарите на Алкалоид кои блеснаа пред очите на Европа.

Ракометарите на Алкалоид на 18 мај ќе го одиграат првиот финален меч против АЕК во Атина, а денеска го одржаа последниот тренинг на кој беше присутен и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети.

47 (5) ■ спорт > фудбал ■ 16-May 13:07 -> 16-May 17:22
.
.
.
.

Teнзии во врвот: Инфатино доцнел два часа – Чеферин се налутил и си заминал!

  • Претседателот Трамп предизвика кавга меѓу првите луѓе на ФИФА и УЕФА!

Неколку европски фудбалски лидери, вклучувајќи го и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, го напуштија во четвртокот 75-тиот Конгрес на ФИФА во Парагвај, изреволтирани од доцнењето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се враќаше од патување на Блискиот Исток со Доналд Трамп.

Неколку водечки европски фудбалски претставници, меѓу кои и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, го напуштија 75. Конгрес на ФИФА што се одржа во Парагвај, во знак на протест поради значително доцнење на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се враќал од службено патување на Блискиот Исток, каде бил во друштво на американскиот претседател Доналд Трамп.

Повеќе од
оваа категорија

122 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.