Тајван денеска почна да го затвора својот последен активен нуклеарен реактор, официјално означувајќи го своето напуштање на атомската енергија, јави ДПА.
Реакторот број 2 во нуклеарната централа Маншан, во јужен Тајван, со капацитет од 951 мегавати, треба целосно да биде затворен до полноќ по локално време, откако истече неговата 40-годишна лиценца за работа, наведе државниот снабдувач со енергија „Taipower“. Civilmedia