Во тек е голема потрага по осомничениот за пукањата, кои се водат како политички мотивирани атентати, а во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро (ФБИ) Двајца американски политичари од редовите на демократите, членови на законодавниот дом на сојузната држава Минисота утрово биле застрелани во нивните домови, во два одделни случаи, јавуваат медиумите во САД и во Велика Британија.
Американските власти потврдија дека демократската политичарка Мелиса Хортман е убиена, а нејзиниот сопруг е исто така смртно застрелан во пукотница во Минесота.
Минесота е во шок откако државната претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени рано наутро во саботата, во она што гувернерот Тим Волц го нарече „политички мотивиран атентат“.Државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга исто така биле цел на напаѓачите и биле погодени неколку пати.