Информациите од овие уреди за снимање обично откриваат детали за моментот на несреќата, но истражните центри ги негираат најновите информации што се појавија.„Механички дефект на пилотското седиште за време на полетувањето се чини дека е главната причина за падот на Боингот 787 на Ер Индија, на летот AI-171, според наодите од прелиминарниот извештај подготвен од Одделот за истрага на воздушни несреќи на Индија (AAIB), кој треба да биде објавен во наредните денови“, објавува грчкиот „Прототема“.Тие наведуваат дека додека авионот бил во фаза на ротација, за време на полетувањето, седиштето на пилотот одеднаш се лизнало наназад поради дефект на механизмот за заклучување на шината по која се движи седиштето.„Потоа пилотот ја искористил својата телесна тежина за да ги турне рачките за потисок кон „неутралната“ положба, предизвикувајќи ненадејно намалување на моќноста на моторот“, напишале тие. Puls24