Авион на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт до Индија бил принуден да се врати вчера поради закана за поставена бомба, изјавија од германската федерална полиција за ДПА.
Одделот за корпоративна безбедност на „Луфтханза“ ја предупредил полицијата за заканата, по што авионот се вратил во Франкфурт на Мајна, каде што безбедно слетал околу 18:30 часот по локално време. Republika