Само обидите за бомбардирање на нуклеарните постројки предизвикуваат загриженост, а реалните ризици од бомбардирањето на Фордоу се прикажани во проценката на МААЕ, која ги опиша нападите врз нуклеарните постројки на Иран како „длабоко загрижувачки“.Во понеделник, генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека воената ескалација ги зголемува шансите за испуштање радиоактивни материи со сериозни последици за луѓето и животната средина.„Кога ќе ископате ураниум од земјата, тој се јавува во две форми: 99,3 проценти е ураниум-238 – и 0,7 проценти, или околу еден атом од 150, е ураниум-235, и тоа е она што ви е потребно за да го стартувате вашиот нуклеарен реактор“, објаснува професорот Пади Реган од Универзитетот во Сари и Националната физичка лабораторија на Велика Британија. Puls24