Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, изјави дека Иран во моментов нема намера да развива нуклеарно оружје.
Шефот на агенцијата за надзор на нуклеарната енергија откри дека не верува оти Иран се обидува да развие нуклеарно оружје, објави Скај њуз.- Дојдовме до заклучок дека не можеме да потврдиме дека во моментов во Иран има систематски напор за производство на нуклеарно оружје - рече Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Извештајот на МААЕ, често цитиран од Израел, откри дека Иран збогатува ураниум до 60 проценти и е единствената земја во светот што го прави тоа, па затоа има „елементи на загриженост“.- Но, што се однесува до тврдењето дека тие произведуваат нуклеарно оружје, не, ние не го кажавме тоа - истакна Гроси.