Началникот на Генералштабот на израелската војска (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, денеска изјави дека Израел ќе „удри со сила“ со оглед на тоа што Иран „тешко го прекрши прекинот на огнот“, објави „Тајмс оф Израел“.
Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Ефи Дефрин, изјави дека се погодени магацини во градот Јазд, објави Си-Ен-Ен. -Во текот на целиот ден, продолживме да ги ослабуваме капацитетите на Иран, извршувајќи сеопфатен напад врз производствените погони на ракетите што ѝ припаѓаат на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, длабоко на територијата на Иран, рече Дефрин на прес-конференција.