Најмалку 18 Палестинци беа убиени во израелски напад со дронови врз пазар во централна Газа, Деир ал-Балах, откако израелските дронови ја таргетирале полициската единица на Хамас која се обидувала да ја преземе контролата врз пазарот, изјавија лекар и сведоци.
Според исказите на очевидци, израелските дронови испукале ракети кон полицајци на Хамас, облечени во цивилна облека и маски, додека се обидувале да ги спречат продавачите да продаваат стока, ограбена од камион што превезувал хуманитарна помош, објави Би-Би-Си. Видео снимките од последиците покажуваат тела на земја и панични купувачи додека амбулантните возила брзаат да им помогнат на повредените.