Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека Иран има капацитет да го продолжи производството на збогатен ураниум во рок од неколку месеци.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека доколку е искрен во својата намера да постигне нуклеарен договор со Иран, мора да престане со својот „непочитувачки и неприфатлив тон“ кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп е сосема можна и дека руската страна ќе се подготви за неа.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „нешто ќе се случи“ во војната меѓу Русија и Украина, по што ситуацијата ќе се „среди“.Изјавата ја даде во контекст на неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да открие детали.-Работиме на тоа.