Израелската војска им нареди на Палестинците да ги евакуираат областите во северна Газа пред интензивирањето на борбите против Хамас, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на прекин на борбите во услови на обновени напори за посредување во прекин на огнот.
Шефот на турската разузнавачка служба, Ибрахим Калин, денеска се состана со лидерите на палестинското исламистичко движење Хамас за да разговараат за хуманитарната ситуација во Газа и напорите за постигнување прекин на огнот, јави турската агенција Анадолија.
Американскиот претседател, Доналд Трамп вчера изјави дека верува дека примирје во Газа меѓу Израел и Хамас може да се постигне во рок од една недела.
Американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа со цел враќање на заложниците киднапирани на 7 октомври.