„Виетнам ерлајнс“ суспендираше четири пилоти откако авион „Боинг“ удри во паркиран „Ербас“ на пистата на аеродромот Нои Баи во Ханој, при што беше оштетен вертикалниот стабилизатор на „Ербасот“.
Инцидентот се случи во петокот околу 14 часот, кога „Боинг 787“, кој се движел кон пистата за лет кон Хо Ши Мин Сити, удрил во „Ербас А321“ кој бил паркиран и се подготвувал за полетување кон Диен Биен. Mk
„Боинг“ буквално ја скинал опашката на „Ербас“, објави Јутарњи лист, по пишување на германскиот Билд.
Двата авиона наводно се во сопственост на Виетнам ерлајнс. Mms