Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран успеал да заштити или премести кој било дел од својот збогатен ураниум пред американските напади врз нуклеарните постројки.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека доколку е искрен во својата намера да постигне нуклеарен договор со Иран, мора да престане со својот „непочитувачки и неприфатлив тон“ кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Advertisement - Оваа пролет беше во подготовка договор според кој американската подружница на TikTok би се одвоила и би станала американска компанија, во сопственост и мнозинско управување од американски инвеститориАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за Fox News во неделата дека пронашол купувач за социјалната мрежа TikTok, која ја опиша како група „многу богати луѓе“ чии идентитети ќе ги открие за околу две недели.
Шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН вели дека американските напади врз Иран не предизвикале целосна штета на неговата нуклеарна програма и дека Техеран би можел повторно да го збогатува ураниумот „за неколку месеци“, што е спротивно на тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека САД ги вратиле амбициите на Техеран наназад за децении, пренесува Си-ен-ен. Коментарите на Рафаел Гроси се чини дека ја поддржуваат раната проценка од Агенцијата за одбранбено разузнавање на Пентагон, за која првпат објави CNN, која сугерира дека нападите на Соединетите Американски Држави врз клучните ирански нуклеарни постројки минатата недела не ги уништиле основните компоненти на неговата нуклеарна програма и веројатно само ја вратиле за неколку месеци.