Фото: ЕПА / Илустрација Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што посочи, се чини дека тој не сака да ја запре војната во Украина.
Трамп, исто така, рече дека подоцна денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.