Републиканците во Конгресот на САД во четвртокот го усвоија популарно наречениот „Еден голем прекрасен закон“, откако беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство, давајќи му на Трамп голема политичка победа.
За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во завршувањето на војната во Украина за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
Откако „големиот, прекрасен“ закон тесно го усвои Сенатот, изменетата верзија беше испратена до Претставничкиот дом на гласање, а како што пишува АП, републиканците се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот за намалување на даноците и буџетот на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до 4 јули.Усвојувањето на законот беше обележано со бројни пречки, од кои најзначајна беше несогласувањето меѓу самите републиканци, а гласањето, кое започна во среда навечер, беше продолжено до денес бидејќи неколку републиканци одбија да го поддржат законот.