Осум турски војници загинаа откако беа изложени на метан за време на операција за пребарување во пештера во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана.
Во соопштението, министерството извести дека инцидентот се случил во неделата за време на мисија за пронаоѓање на останките на турски војник убиен за време на воена операција против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Единаесет други војници кои исто така биле изложени на гасот во пештерата биле однесени во болница на лекување, соопшти министерството. Zoom
Вчера, турското министерство објави дека за време на пребарувањето во пештера за останките на поручникот Нури Мелих Бозкурт, кој беше убиен од Курдистанската работничка партија (ПКК) во 2022 година за време на операција на турската војска во Северен Ирак, вкупно 19 лица биле отруени со метан, од кои петмина починале, а останатите биле однесени во болница. Vecer