Добивај вести на Viber Роман Старовоит, кого денеска рускиот претседател Владимир Путин го разреши од функцијата министер за транспорт, изврши самоубиство, објави Рускиот истражен комитет.„Роман Владимирович Старовоит беше пронајден мртов во својот автомобил со прострелна рана“, се вели во соопштението, додавајќи дека „главната теза“ за причината за неговата смрт е „самоубиство“.АП објави дека Кремљ не дал причина за разрешувањето на министерот за транспорт, но рекол дека стотици летови биле откажани или одложени на аеродромите во Москва и Санкт Петербург во текот на викендот, и дека имало прекини на други места поради нападите со украински беспилотни летала.
Поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовоит (53) беше пронајден мртов во семејната куќа во селото Мјакино, Одинцовскиот округ, Московска област, само неколку часа откако беше разрешен од функцијата од страна на претседателот на Русија, Владимир Путин.