Рускиот министер за транспорт, Роман Старовоит, кој утринава беше разрешен од функцијата со указ на рускиот претседател Владимир Путин, во текот на денот беше пронајден мртов во Одинцово, во Московскиот регион, откако извршил самоубиство, објавија московска „Известија“ и Рен ТВ, повикувајќи се на свои извори.
Како што објавува Инфо24, телото на функционерот е пронајдено во неговиот дом во Одинцово, во Московскиот регион.