Добивај вести на Viber Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес испратил писма за царини до уште седум трговски партнери на САД - Филипините, Брунеи, Молдавија, Алжир, Либија, Шри Ланка и Ирак.
Според писмата на Трамп, царините за увоз од Шри Ланка, Либија, Ирак и Алжир во САД ќе бидат 30 проценти, од Молдавија и Брунеи 25 проценти, а од Филипините 20 проценти, почнувајќи од 1 август, објавува АП.Трамп, исто така, додаде дека подоцна во текот на денот ќе објави царини за увоз од други земји.