Царина од 30 отсто за ЕУ е повеќе од 20 отсто „реципрочна“ царина со која се соочија стоките оттаму пред Трамп да ги паузира во средината на април.
Откако Трамп се закани во мај, министерот за финансии Скот Бесент во интервју за Фокс Њуз изјави дека „предлозите на ЕУ не биле со ист квалитет како оние што ги видовме од нашите други важни трговски партнери“. 24info
Претседателот Доналд Трамп се закани со давачки од 30 проценти на производите од Мексико и Европската Унија во две писма објавени денеска на социјалните мрежи, со што се интензивира глобалната трговска војна што ја поттикна откако ја презеде функцијата во јануари, пишува Си-ен-ен. – Соединетите Американски Држави се согласија да продолжат да работат со Европската Унија, и покрај тоа што имаме еден од нашите најголеми трговски дефицити со вас. 24info
Сепак, решивме да продолжиме напред, но само со поизбалансирана и поправедна трговија“, напиша Трамп во писмото до Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, кое го објави на Трут Соушл (Truth Social). ЕУ и Мексико се приклучуваат на растечката листа на земји чиј увоз ќе се соочи со ажурирани давачки на 1 август, откако Трамп почна да објавува писма за царини во понеделникот со стапки до 40 проценти.
Во своите писма до ЕУ и Мексико, Трамп изјави дека целиот увоз е предмет на царина од 30 отсто, со исклучок на „секторски царини“, како што е царината за автомобили од 25 проценти. Trn