Пристаништето Антверпен-Бриж, еден од најголемите светски центри за поморски превоз на автомобили, се претвори во огромен магацин на неиспорачани возила откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп предизвикаа пад на извозот на автомобили, камиони и трактори од Европа во САД, објавува „Гардијан“.
Според официјалните податоци од пристаништата, во првите шест месеци од 2025 година, извозот на патнички автомобили и комбиња во САД се намали за 15,9 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека извозот на тешки возила, вклучувајќи камиони и градежна опрема, се намали за речиси една третина, или 31,5 проценти.