Бомбардирањето на Иран од страна на Израел, а подоцна и од страна на САД и војната во Газа, која станува бескрајна, се показатели на новиот светски поредок, кој почнува да се заснова на правото на посилниот да ја наметне својата волја.
Израелската армија ги проширува своите операции во градот Деир ал-Балах во центарот на Појасот Газа, според изјавата на портпаролот на армијата, кој денеска ги повика жителите да ја напуштат областа во објава на „X“. Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат „интензивно да работат за елиминирање на терористите и демонтирање на терористичката инфраструктура во областа и ги прошируваат своите активности во нови области, се вели во соопштението на армијата.