Се надеваме дека европската страна, исто така, ќе ги почитува основните интереси на Кина со практични активности и искрено ќе се придржува до принципот „една Кина“ Годинава се одбележуваат 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ и 80-годишнината од основањето на Обединетите нации.
Кина сѐ поинтензивно им конкурира на САД и Европа во фармацевтската индустрија, поттикната од брзи иновации, регулаторни реформи и демографски промени кои овозможуваат силен раст и значителен напредок во развојот на нови лекови.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувани од високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, од денеска до четврток ќе престојуваат во посета на Јапонија и Кина, во чии рамки ќе учествуваат на самитите меѓу ЕУ и двете земји.