Франција ќе ја признае државата Палестина во септември на седницата на Генералното собрание на ОН, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој на својот профил на Икс објави писмо што го испратил до претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, во кое ја потврдува намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина. Mk
Францускиот претседател понуди поддршка за Израел по нападите на Хамас на 7 октомври и често зборува против антисемитизмот, но тој е сè повеќе фрустриран поради војната на Израел во Газа.
„Со оглед на нејзината историска посветеност на праведен и одржлив мир на Блискиот Исток, решив Франција да ја признае државата Палестина“, објави Макрон. Telma