Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА. Sitel
Кео Чеа ги отфрли обвинувањата на Тајланд дека Камбоџа прва започнала со напад, посочувајќи дека камбоџанската армија брои само една третина од тајландските сили, како и дека нивните воздухопловни сили не се целосно опремени.
ОН во соопштението по затворената седница ги повика двете држави на крајна воздржаност и избегнување на натамошни ескалации. Nezavisen