Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.
Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.
Најмалку осум лица загинаа во судирите со Камбоџа денеска, соопшти тајландската полиција.
Ескалираа судирите меѓу Тајланд и Камбоџа, откако загинаа најмалку 12 луѓе, а над 40.000 цивили од 86 села мораа да се евакуираат.