Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и Советот за безбедност на ОН, министрите за надворешни работи на Е3 изјавија дека би можеле да го продолжат рокот доколку Иран ги продолжи разговорите и соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Јасно ставивме до знаење дека доколку Иран не е подготвен да постигне дипломатско решение до крајот на август 2025 година или не ја искористи можноста за продолжување, Е3 е подготвена да активира механизам за брзо повторно воведување санкции“, наведоа министрите во писмото.