Отворивме со 0-2, потоа и со 2-4, а по двете брзи исклучувања на Естонците набрзина преку Кузмановски и Лазаревски стигнавме и до 2-6. Цврстата одбрана беше наш заштитен знак, Естонија цели девет минути немаше гол, а Македонија експресно поведе со 2-7. Нашите пивоти им создаваа големи проблеми на Естонците, па така Лазаревски, Маркоски и Пешевски со леснотија го наоѓаа патот до мрежата, позитивата растеше од минута во минута, а преку Атанасијевиќ стигнавме и до првото двоцифрено водство (5-15). Победата беше практично осигурана, па концентрацијата во одбраната во финишот од полувремето малку опадна, Естонците постигнаа неколку погодоци и на одмор заминавме со „плус девет“ (10-19). Супериорноста на Македонија продолжи и на самиот старт од второто полувреме, кога по нашето водство од 11-23 следеше експресен тајмаут од естонскиот селектор. Ekipa