Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.
Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од најголемите предизвици во нејзиниот мандат на чело на главното извршно тело на ЕУ. Судот на правдата на Европската Унија ќе ја донесе својата пресуда во среда за таканаречениот скандал Фајзергејт, кој произлезе од нејзината размена на пораки со извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла, во пресрет на потпишувањето на огромен договор за набавка на вакцина против Ковид.