Тој имаше една операција на крајот на февруари, на левото колено – повреда, која е успешно санирана, но сега проблем е десното колено и потребно е да се направи мала интервенција.
Во консултација со селекторот Миленкоски, челниците на Федерацијата и лекарскиот тим ќе биде донесена одлука дали операцијата ќе се направи во најкус можен рок, но тоа би значело отсуство на Маџунков од натпреварите во ЦЕВ Златната Европска лига. Ekipa