Ивановски прв направи брејк, но Хрватот се врати во осмиот гем, по што сетот заврши во тај-брејк.
Таму, македонскиот тенисер покажа зрелост и концентрација и со серија од три поени во финишот успеа да израмни на 1-1 во сетови, добивајќи го тај-брејкот со 7-5. Одлучувачкиот трет сет започна лошо за Ивановски, Пољичак поведе со 2-0, но нашиот тенисер успеа да се врати. Sportclub
21-годишниот Ивановски беше немоќен против осмиот носител на турнирот Мили Пољичак, кој славеше во три сета – 6-4, 6-7/5 и 6-4. Македонскиот тенисер одлично му парираше на фаворизираниот противник речиси во текот на целиот прв сет.
Се играше „гем за гем“, со тоа што двајцата тенисери направија по еден брејк, но во клучните моменти Ивановски потфрли на свој сервис и при водство од 15:30 загуби три поени во низа и со тоа Пољичак поведе со 1-0 во сетови. Gol