Хрватскиот тенисер, Борна Ќориќ, доживеа шокантна елиминација на стартот од квалификациите за Ролан Гарос, откако загуби од францускиот тенисер Тито Дроге со 1-2 во сетови (7-5, 6-7, 2-6). Првиот носител на патот кон главниот турнир на овој гренслем, кој во Париз пристигна со голема самодоверба поради титулата на челинџерот во Екс-ан-Прованс каде што во финалето го совлада Стан Вавринка, не успеа да го продолжи победничкиот ритам.
Иако го освои првиот сет и имаше две меч топки во вториот, една од нив и на свој сервис, не успеа да ја затвори средбата.