Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, сподели вест дека е обезбеден бесплатен спортско-едукативен камп за децата од социјален ризик и спортските таленти на територијата на општината.
Вкупно 24 ученици, како што се наведува во соопштението на општина Кисела Вода, односно тројцата најуспешни ученици од секое училиште, добија бесплатно летување во летниот едукативно-рекреативен камп SCOUT во Охрид, додека девет од нив, кои според рангирањето имаа најголем број на поени, беа дополнително наградени со висококвалитетни очила за сонце од брендот BARNER.