Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на пратеници, други гости, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, беше промовирана артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, донација од Армијата на сојузничка Турција.
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата генералот Сашко Лафчиски во касарната Мирче Ацев во Прилеп попладнево присуствуваа на промоција на Артилериската батерија набавена од Турција.