Не само што пред само неколку месеци лично ветуваше дека Македонија ќе биде одличен домаќин и дека Министерството и Владата силно стојат зад овој настан, туку сега, кога спортисти колабираа во несоодветни сали, се асфалтираа улици непосредно пред натпревар, кога учесници плаќаат енормни суми за мизерни услови и кога дури ни скопјани не знаеја дека нивниот град е главен домаќин на ваков голем настан – министерот Ристовски, кој се сликаше до моментот на отворањето на настанот, сега активно се обидува да се дистанцира од организацијата и настојува да ја убеди јавноста дека неговото Министерство нема ништо со ова фијаско. A1on