1 (58) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 12:46 -> 15-May 15:36
.
.
.
.

Буџетот за одбрана на Македонија над 2 проценти, минимумот од НАТО

  • Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

  • МИЦКОСКИ: Македонските граѓани 20 години го одат најтешкиот пат кон ЕУ, се надевам достоинствено ќе го одблокираме овој процес

  • Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Република Македонија се вбројува меѓу државите членки на НАТО кои веќе ги надминуваат нормите за финансиски средства за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти“, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Граѓаните од оваа, една од најмалубројниуте земји во срцето на Балканот и во Европа го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да кажеме го одат, бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, истакна на денешната заедничка прес конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта е во посета на Скопје.

2 (12) ■ вести > македонија ■ 15-May 13:34 -> 15-May 15:25
.
.
.
.

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание

  • Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во Собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е првпат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на еднa неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни“ пишува меѓудругото на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешниот инцидент во Собранието со лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Инцидент во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски.

5 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 15:08 -> 15-May 16:00
.
.
.
.

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

  • Костадиновска-Стојчевска: Владата го укинува независниот Инспекторат за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат.

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат.

8 (117) ■ вести > македонија > политика ■ 13-May 08:02 -> 15-May 16:00
.
.
.
.

ТАРАВАРИ: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

  • Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

  • Мицкоски: Во периодот што следи ќе номинираме нови имиња по излегувањето на крилото на Таравари

  • ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, кои излегоа од владината коалиција.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

9 (4) ■ вести > свет ■ 15-May 14:47 -> 15-May 15:20
.
.
.
.

ЗЕЛЕНСКИ Е БЕДЕН, ГО МАНИПУЛИРААТ НАДВОРЕШНИ АКТЕРИ Лавров го кажа својот став за преговорите во Истанбул

  • Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека ситуацијата околу украинско-руските преговори во Истанбул е сплеткана, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно критикувајќи ја улогата на Западот и на властите во Киев во ескалацијата на конфликтот.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека ситуацијата околу украинско-руските преговори во Истанбул е „интригантна“, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно критикувајќи ја улогата на Западот и властите во Киев во ескалацијата на конфликтот.

13 (16) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 10:30 -> 15-May 15:32
.
.
.
.

Од 2020 до 2023 во државава вкупно 31.176 сообраќајки, 15.724 со потешки последици, загинале 457 лица

  • 457 загинати во сообраќајни несреќи во три години

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Македонија“ на Државниот завод за ревизија.

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија.

14 (128) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 07:54 -> 15-May 10:37
.
.
.
.

Попладнево протест за Фросина: Тодор Кулаков обвинува за криминален инженеринг

  • Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • Протест по пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Семејството се сомнева во правен инженеринг

  • Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Таткото на трагично загинатата Фросина, Тодор Кулаков денеска повторно реагираше на вчерашната пресуда за возачот Васил Јованов.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Неколку десетини граѓани попладнево со транспаренти и со фотографија од Фросина Кулакова, одржаа протест кој почна од местото на булеварот „Партизански одреди“ каде таа беше смртно прегазена и заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Пред Универзалната сала попладнево почна протестот што вчера го најави таткото на Фросина Кулакова, по објавувањето на пресудата за сообраќајната несреќа во која загина неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

28 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.

116 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ДОСТИГНАА НАЈВИСОКО НИВО Инфлацијата се доближи до историскиот просек од 2,6%

  • Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

176 (7) ■ бизнис > култура ■ 13-May 11:45 -> 13-May 13:35
.
.
.
.

Нова едиција на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине! “ – Вистинските бајки од Македонија за хероите од историјата

  • НОВА ЕДИЦИЈА НА „БРАВО СИНЕ!“ Првите 4 книги се посветени на Блаже Конески, Мајка Тереза, Браќата Манаки и на Марко Цепенков

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

184 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 13-May 09:40 -> 13-May 13:23
.
.
.
.

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

  • ALEPH ГО ПРОШИРИ ПАРТНЕРСТВОТО СО SPOTIFY Ќе учествува во глобалната продажба на реклами на повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денеска објави проширено партнерство со кое станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

190 (6) ■ бизнис > економија ■ 13-May 15:28 -> 13-May 16:08
.
.
.
.

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

  • Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.

86 (4) ■ магазин > живот ■ 14-May 16:00 -> 15-May 14:41
.

Реткиот дијамант „Медитеранско син“ од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

  • Редок син дијамант на аукција е продаден за над 19 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.

Голем син дијамант од 10,03 карати е продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби“.