1 (117) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 20:56 -> 05-May 20:54
.
.
.
.

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, до крајот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

  • Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

  • ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

  • (ВИДЕО) Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.

Министерот за здравство Арбен Таравари и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците (AA) реагираше преку Фејсбук во врска со вчерашните политички случувања.

Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.

Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

2 (77) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 07:18 -> 05-May 22:03
.
.
.
.

MИЦКОСКИ: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

  • Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

  • Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

  • СДСМ реагира: ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вечерва учествуваше на трибината „Јазикот наш единствен е“, организирана од Форумот на Жени на СДСМ, а по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него.

Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност.

7 (11) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 05-May 15:12 -> 05-May 16:25
.
.
.
.

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

  • Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

8 (10) ■ вести > македонија ■ 05-May 15:23 -> 05-May 21:31
.
.
.
.

ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

  • Доделени наградите на ЗНМ, фоторепортерката на „Нова Македонија“, Маја Јаневска-Илиева, со втора награда

По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

19 (52) ■ вести > балкан > регион ■ 03-May 07:25 -> 05-May 20:02
.
.
.
.

Вучиќ в среда се враќа на своите работни обврски

  • Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет

  • Вучиќ е примен на Воено-медицинската академија во Белград

  • Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се врати на своите работни обврски на 7 мај, по што во тој ден ќе има средби со рускиот и британскиот амбасадор, јавија српските медиуми.

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава белградски Телеграф.

Српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали во гостување во „Дневник“ на РТС откри што се случило кога на претседателот Александар Вучиќ ненадејно му се слошило во САД.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

51 (4) ■ бизнис > македонија > политика ■ 05-May 13:12 -> 05-May 14:39
.
.
.
.

Бањата Кежовица ќе отвори многу перспективи за развој на туризмот

  • НИКОЛОСКИ: Браната на Отиња ќе биде готова в година, во Штип се работи и на ДУП за бањата Кежовица и за изградба на викенд населба

Силна поддршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

123 (8) ■ бизнис > македонија ■ 03-May 19:55 -> 04-May 17:21
.
.
.
.

Со музика и сангрија испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион

  • Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион

Со диџеј кој пушташе шпанска и француска музика на излезите 201 и 202, на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и со освежителни пијалаци – безалкохолна сангрија, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ги испрати првите 161 патник кои полетаа за Барселона и првите 180 патника кои се упатија кон францускиот град Лион, означувајќи го почетокот на овие две авиолинии, на кои од денеска, 3-ти мај 2025, редовно ќе лета нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. На првиот лет за Барселона, беше и добитничката на двата авиобилети од Виз ер, која беше избрана по случаен избор преку повикот за дарување кој ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.