1 (8) ■ вести > македонија ■ 15-May 20:24 -> 15-May 21:12
.
.
.
.

Мицкоски: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања

  • Мицкоски за „Euronews“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, и изрази жалење што корумпирани политичари претходно за да останат на власт прифаќаа се и сешто.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за Euronews Србија истакна дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, и изрази жалење што корумпирани политичари претходно за да останат на власт прифаќаа се и сешто.

4 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 14-May 12:46 -> 15-May 17:00
.
.
.
.

Буџетот за одбрана на Македонија над 2 проценти, минимумот од НАТО

  • Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

  • Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

  • Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Република Македонија се вбројува меѓу државите членки на НАТО кои веќе ги надминуваат нормите за финансиски средства за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти“, рече Мицкоски.

„Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта е во посета на Скопје.

7 (6) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-May 19:59 -> 15-May 20:29
.
.
.
.

Уапсен е малолетник од Битолско, уценуваше 34 годишник со експлицитни фотографии

  • Малолетник уценувал маж во Битола со експлицитни снимки, се претставил како жена

МВР информира дека денеска полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода 16-годишник од с. Бистрица, битолско.

Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода 16-годишник од с.Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставувал со лажен женски идентитет.

8 (40) ■ вести > свет > регион ■ 13-May 16:54 -> 15-May 20:05
.
.
.
.

Фахретин Алтун: Ердоган ќе му пренесе на Зеленски дека без одлагање треба да има прекин на огнот

  • Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

  • Зеленски: Во контакт сме со САД во врска со разговорите со Москва

  • Зеленски со еден збор ја искоментира руската делегација која беше испратена на преговорите во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го нагласи ставот на Турција дека треба да дојде до прекин на огнот и мировни преговори без одлагање, за да се заврши војната со Русија Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го нагласи ставот на Турција дека треба да дојде до прекин на огнот и мировни преговори без одлагање, за да се заврши војната со Русија, соопшти денеска кабинетот на Ердоган.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè неделава да се одржи најавената средба со Владимир Путин.

Украина е во контакт со делегацијата на САД во врска со разговорите со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако пристигна во Анкара.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул.

9 (139) ■ вести > македонија > политика ■ 13-May 08:02 -> 15-May 21:23
.
.
.
.

Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • ТАРАВАРИ: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

  • ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

  • Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.

12 (133) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-May 07:54 -> 15-May 10:37
.
.
.
.

Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството

  • Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • Денеска треба да биде изречена пресудата за Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина

  • „Судот по вторпат ја уби Фросина“ – семејството повика на нов протест утре пред Универзалната сала

Незадоволни од пресудата за Васил Јованов, семејството Кулакови повторно излезе на улица.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест утре во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје.

13 (15) ■ вести > македонија ■ 15-May 13:34 -> 15-May 16:29
.
.
.
.

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание

  • Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во Собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е првпат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на еднa неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни“ пишува меѓудругото на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески со лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Инцидент се случил во во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски, објави Локлано.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

55 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.

138 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-May 09:46 -> 14-May 12:03
.
.
.
.

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ДОСТИГНАА НАЈВИСОКО НИВО Инфлацијата се доближи до историскиот просек од 2,6%

  • Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел.

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

191 (7) ■ бизнис > култура ■ 13-May 11:45 -> 13-May 13:35
.
.
.
.

Нова едиција на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине! “ – Вистинските бајки од Македонија за хероите од историјата

  • НОВА ЕДИЦИЈА НА „БРАВО СИНЕ!“ Првите 4 книги се посветени на Блаже Конески, Мајка Тереза, Браќата Манаки и на Марко Цепенков

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија.

199 (7) ■ бизнис > мои пари ■ 13-May 09:40 -> 13-May 13:23
.
.
.
.

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

  • ALEPH ГО ПРОШИРИ ПАРТНЕРСТВОТО СО SPOTIFY Ќе учествува во глобалната продажба на реклами на повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денеска објави проширено партнерство со кое станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

208 (6) ■ бизнис > економија ■ 13-May 15:28 -> 13-May 16:08
.
.
.
.

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

  • Самит на Македонија2025: Вториот ден во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава.

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.

62 (5) ■ магазин > живот ■ 14-May 16:00 -> 15-May 18:50
.
.

Реткиот дијамант „Медитеранско син“ од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра

  • Редок син дијамант продаден на наддавање за 19 милиони евра

Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo). – Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес.

Голем син брусен дијамант од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа Sotheby’s. Вредноста на дијамантот, наречен „Медитерански син дијамант“, проценета на 20 милиони долари, „предизвика огромен интерес“ кај потенцијалните купувачи, соопшти аукциската куќа Sotheby’s“ во соопштение објавено во вторник вечерта.