1 (170) ■ вести > свет > нато > одбрана ■ 25-Jun 05:46 -> 27-Jun 20:14
.
.
.
.

ТРАМП НУДИ МИЛИЈАРДИ ЗА ИРАНСКАТА ЦИВИЛНА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА ЗА ДА ГО ВРАТИ ТЕХЕРАН НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА? ! Иран засега одбива разговори со САД

  • Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

  • Политичкиот успех на Трамп зависи од одржувањето на мирот меѓу Израел и Иран

  • Сиљановска-Давкова и Муцунски имаа средба со Трамп: Симболичен гест на почит и партнерство

Иран во моментов нема план да се сретне со САД, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во четвртокот во интервју на државната телевизија, негирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон планира разговори со Иран следната недела, . Министерот рече дека Техеран сè уште проценува дали разговорите со САД се во интерес на земјата, по 5 претходни рунди преговори кои беа прекинати откако Израел и САД извршија напади врз иранските нуклеарни постројки.

Facebook/NATO Parliamentary Assembly Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Facebook / President Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп покажа склоност кон ризик во текот на првите месеци од неговата администрација, а воздушен напад врз Иран би можел да претставува негов најголем ризик досега, бидејќи политичката награда зависи од тоа дали ќе успее да го одржи кревкиот мир меѓу Иран и Израел, велат аналитичарите.

Facebook/Gordana Siljanovska Davkova Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот Тимчо Муцунски денес имаа средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, на Самитот на НАТО во Хаг.

2 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Jun 07:15 -> 27-Jun 14:59
.
.
.
.

МУЦУНСКИ: Македонија од земја која беше со позиција на климање со глава, ја вративме на патот на самопочит, стабилност и влијание

  • Муцунски: Нема да има промени на нашите позициите за уставните измени

  • Муцунски: Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност

  • Муцунски на покана на генералниот секретар на НАТО, Руте е дел од државната делегација на Самитот во Хаг

Дипломатијата не е само надворешна политика-таа е карактерот на државата во очите на светот.

„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „360 степени“.

Facebook / Timco Mucunski По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера и денес сум во Хаг како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод самитот на НАТО, сподели утрово министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

5 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Jun 20:00 -> 27-Jun 17:00
.
.
.
.

Првата годината од новата Влада беше тежок период, но беше година на надежта, почнавме од минус

  • Фетаи: Предлог-законот за правична застапеност деновиве ќе биде испратен во Венецијанската комисија

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција ги претстави тековните и идните политики во областа на доброто владеење во првата година од мандатот на новата Влада.

Мислењето на Венецијанската комисија, како што рече вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, ќе даде меѓународен печат на предлог-законското решение кое е стопроцентно во склоп со Уставот и добрите европски практики Предлог-законот за правична застапеност деновиве се очекува да биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, информира вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи.

6 (9) ■ вести > македонија ■ 25-Jun 22:00 -> 27-Jun 14:34
.
.
.
.

Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

  • Петрова: Дигитализацијата е патот за праведно оданочување и борба против даночната евазија и сивата економија

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани.

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и Елена Петрова, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се фокусираше на тоа што е направено во насока да се дојде до поголема стабилност на јавните приходи, за проектите кои се однесуваат на дигитализацијата во УЈП, но и за тоа кои мерки донесоа забележлив ефект во сузбивањето на сивата економија.

7 (74) ■ вести > македонија > хроника ■ 25-Jun 05:00 -> 26-Jun 04:27
.
.
.
.

Туфегџиќ: Зошто институциите не спречиле ниту предвиделе сериозен криминален план за киднапирање на луѓе кој обвинетите го правеле уште од 2022 година? - Pressing TV

  • Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче

  • Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

  • Таткото на Вања ослободен од обвинение

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај што ја потресе целата јавност.

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување.

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет.

9 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 27-Jun 16:04 -> 27-Jun 19:05
.
.
.
.

Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници

  • Ѝ ВЕТИЛЕ РАБОТА, НО ЈА ЗАДОЛЖИЛЕ СО БРЗ КРЕДИТ Затвореник бил мозокот на измамата, приведени уште две лица

Полициски службеници лишиле од слобода 65-годишен штипјанец и 46-годишна велешанка поради постоење на основи на сомнение за строена измама и злоупотреба на лични податоци, така што нудејќи работа преку интернет побарале лични податоци од оштетена, кои подоцна ги злоупотребиле и во нејзино име аплицирале за брз кредит.

Полицијата расчисти случај на интернет измама и злоупотреба на лични податоци, во кој жртва е 47-годишна жена од Штип, а осомничени се тројца сторители – двајца фатени во Велес, третиот на издржување казна во затворот во Штип.

10 (36) ■ вести > свет > регион ■ 25-Jun 00:00 -> 27-Jun 12:25
.
.
.
.

Победата врз Иран отвора нови патишта за мир

  • Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција

  • Нетанјаху: Победата над Иран носи нови можности за мир

  • НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека исходот од конфликтот со Иран отвора нови можности за мир, што Израел не смее да ги пропушти.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара одложување на судското рочиште во процесот кој се води против него за наводна корупција, наведувајќи ги „регионалните и глобални случувања“ од 12-дневната војна на Израел со Иран, како и континуираните борби во Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека исходот од војната со Иран отвори можности за мир што Израел не смее да ги пропушти.

НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“ Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече израелскиот премиер неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

11 (8) ■ вести > македонија ■ 27-Jun 11:45 -> 27-Jun 18:03
.
.
.
.

Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

  • МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.

Македонија нема механизам да го спречи евентуалното усвојување на амандманот кон Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој треба да биде изгласан на почетокот на јули, но ќе направи сè за да упати на разум.

14 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Jun 18:58 -> 27-Jun 15:00
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Голем предизвик е да се одвојуваат пет проценти за одбраната, но како членка на НАТО имаме обврски што треба да ги испорачаме

  • Кочоска: Владата предводена од претседателот Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3%

  • Димитриеска Кочоска: Постигнат е значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите

Неспорно е дека голем предизвик ќе биде да се одвојуваат пет проценти од БДП за одбраната, но ние сме членка на НАТО и имаме обврски кои треба да ги испорачаме.

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема ,,Економски раст и дигитална трансформација“.

Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема „Економски раст и дигитална трансформација“.

19 (28) ■ вести > македонија ■ 25-Jun 17:45 -> 26-Jun 21:00
.
.
.
.

Дурмиши: Ќе донесеме ригорозни мерки ако имаме девијантно однесување од трговците

  • Дурмиши: Во завршна фаза е потрошувачката кошница, ќе биде реална и добро изработена

  • Дурмиши: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија, граѓаните треба да знаат - Владата не ги остава сами

Во оваа година донесовме еден куп мерки со кои им излеговме во пресрет на граѓаните.

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Министерство за економија и труд Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска (25 јуни) ја посети Општина Желино, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, оствари средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

61 (22) ■ бизнис > економија ■ 25-Jun 08:16 -> 26-Jun 07:07
.
.
.
.

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

  • Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

  • СЛАВЕСКИ ПРЕДЛАГА ДА СЕ УКИНАТ БАНКАРСКИТЕ ПРОВИЗИИ Гувернерот седна на маса со банките

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.

На денешната средба со претставници на банките од Македонската банкарска асоцијација (МБА), гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, рече дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат одржливи за банките, но истовремено фер и прифатливи за корисниците Народната банка на Република Северна Македонија ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се оние поврзани со долговен промет.

Народната банка на Македонија ќе работи со комерцијалните банки во насока да се намалат или целосно да се укинат трошоците за платежни услуги кои, во нето износ, заземаат околу 18% од вкупните нето приходи на банките.

110 (8) ■ бизнис > економија ■ 26-Jun 07:28 -> 26-Jun 14:19
.
.
.
.

За Халкбанк - Важни се луѓето и сето она што ги обединува

  • Славески: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток.

152 (5) ■ сцена > life ■ 26-Jun 13:00 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

  • Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

159 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 27-Jun 12:15
.
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

160 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

237 (4) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 08:07 -> 26-Jun 15:15
.
.
.

Во кино „Фросина“ почнува седмото издание на „Златна рамка“

  • Почнува седмото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

Од денеска, четврток 26 јуни до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

287 (4) ■ сцена > здравје ■ 25-Jun 11:00 -> 25-Jun 23:31
.
.
.
.

Јапонски метод на одење - за подобра кондиција без исцрпеност

  • „Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

Среде море од нови фитнес трендови, јапонската рутина за одење доби голема популарност во последните месеци, особено на TikTok.Тоа е едноставна, но интензивна форма на одење која ветува опипливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок – ако се прави редовно.

Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Новиот „Тик-ток“ тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index). Што претставува „јапонското одење“?