1 (48) ■ вести > свет ■ 08-May 08:17 -> 10-May 21:14
.
.
.
.

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

  • Портпарол на пакистанската армија: Нема да се согласиме на деескалација со Индија

  • Пакистан извршил повеќе напади по должината на западната индиска граница, тврди Њу Делхи

  • Експлозии во индискиот дел на Кашмир,неколку часа по објавеното примирје меѓу Индија и Пакистан

Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот.

Портпаролот на пакистанската армија генерал-потполковник Ахмед Чаудри денеска изјави дека Пакистан нема да се согласи на деескалација со Индија и оти продолжува воената состојба сè додека сезагрозени суверенитетот на земјата и народот.

Пакистанските вооружени сили извршија „повеќекратни напади“ со беспилотни летала и друга муниција по должината на западната граница на Индија ноќта кон петокот, соопшти индиската војска, во време кога се интензивира судирот меѓу двете нуклеарни сили.

Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот.

2 (85) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 10-May 17:32
.
.
.
.

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како тврди дека тој е иднината

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • СДСМ: Нашиот предлог-закон за поддршка по трагедијата што се случи во Кочани е чин на човечност, солидарност и грижа за граѓаните

  • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани и да не ја политизира трагедијата

Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница.

Соопштение на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и грижа.

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе го достави Законот за Кочани со кој се предвидува финансиски надоместок и поддршка за семејствата што загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани, како и за семејствата што имаат свој член повреден во стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“.

5 (51) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • ЈО: Јованов возел цик-цак, поминал на две полни ленти, не е небрежност, туку умисла

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

21 годишниот Васил Јованов призна вина, се извини и изрази каење со наведната глава и не гледајќи ги во очи родителите и најблиските на 22 годишната Фросина Кулакова која смртно ја прегази на Партизанска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ . Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Обвинителот Александар Марковски во денешниот збор на судењето за усмртување на Фросина Кулакова, рече дека возачот Васил Јованов тоа го сторил со умисла.

8 (47) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

Убиството во Штип: Истрага на Обвинителството против пет лица

  • Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

  • Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“.

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

10 (13) ■ вести > македонија > хроника ■ 10-May 12:01 -> 10-May 17:02
.
.
.
.

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

  • ТОШКОВСКИ: Истрагата за трагедијата во Кочани се уште трае, се обираат докази и се сослушуваат сведоци кои се поврзани со пожарот во Пулс

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

13 (3) ■ вести > македонија ■ 10-May 20:16 -> 10-May 21:24
.
.
.

Потресни сведоштва на „Маршот за ангелите“ во Кочани: „Од 16 март не сум татко – внатрешно сум мртов“

  • „КОЈ ИМ ДОЗВОЛИ НА ДЕМОНИТЕ ДА ГИ УБИЈАТ НАШИТЕ АНГЕЛИ“ - родителите на починатите во пожарот во Кочани и денеска беа на протетстен марш

„Како можете да објавите моја фотографија за ‘Татко на годината’ кога од 16 март веќе не сум татко и никогаш нема да бидам, затоа што ми го убија единствениот син?“ – со овие зборови денеска се обрати скршениот родител на петтиот протестен „Марш за ангелите“ во Кочани.

„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ и „Прошка нема, правда мора да има“, се дел од пораките испишани на транспаренти што ги упатија семејствата на починатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ на денешниот, петти протестен „Марш за ангелите“ во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

31 (7) ■ бизнис > македонија ■ 10-May 10:14 -> 10-May 11:30
.
.
.
.

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки

  • Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

132 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

216 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 08-May 07:35 -> 08-May 15:27
.
.
.
.

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува

  • Поважно е како се чувствуваат отколку платата - Форум на добри компании 2025

Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да се создаде работна средина каде луѓето ќе се чувствуваат вреднувани, инспирирани и посветени.

Во Скопје денеска ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој треба да бидат истакнати клучните предизвици и решенија поврзани со современата работна култура, информираат организаторите.