Премиерот Христијан Мицкоски, се обрати од денешната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема.
Остануваме горди, со крената глава.
Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот, а Бугарија е разголена пред Европа, рече премиерот Христијан Мицкоски откако Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија, а во кој не се споменува македонски јазик и идентитет.
По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија.