1 (4) ■ вести > свет ■ 09-May 22:20 -> 10-May 14:29
.
.
.
.

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

  • Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг на претседателските избори

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Букурешт и други градови во Романија денеска за да изразат поддршка за Европската Унија пред вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи подоцна овој месец, пренесе ДПА.

Уставниот суд на Романија денес ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори одржани на 4 мај во таа земја, на кои, според изборната комисија, победи кандидатот на крајната десница Георге Симион.

4 (10) ■ вести > македонија ■ 10-May 12:01 -> 10-May 13:55
.
.
.
.

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

  • Во моментов се сослушуваат сведоци поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

12 (50) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење – изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

21 годишниот Васил Јованов призна вина, се извини и изрази каење со наведната глава и не гледајќи ги во очи родителите и најблиските на 22 годишната Фросина Кулакова која смртно ја прегази на Партизанска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

14 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 10-May 11:57 -> 10-May 13:43
.
.
.
.

Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

  • ЕУ ЗА УКРАИНА: Калас повика за безусловен прекин на огнот од Русија, доби поддршка и од Македонија, Норвешка и В. Британија

Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.

Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.

15 (79) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 10-May 13:56
.
.
.
.

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како тврди дека тој е иднината

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, вели Манасиевски, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

  • СДС и Филипче да не бидат дволични, поднесувањето закон за Кочани е како Филипче да поднесе закон за модуларната болница а Заев за враќање на името

Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница.

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, тоа е исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името.

СДС и Филипче се синоним за лицемерие и дволичност.

17 (44) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип

  • Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

  • (ВИДЕО) МВР: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“.

Застреланиот странец кој синоќа беше погоден со пиштол во кафуле во центарот на Штип им подлегнал на повредите, потврди обвинителството кое го истражува убиството.

МВР информира дека синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија од Клиничка болница-Штип.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

16 (7) ■ бизнис > македонија ■ 10-May 10:14 -> 10-May 11:30
.
.
.
.

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки

  • Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

99 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

186 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 08-May 07:35 -> 08-May 15:27
.
.
.
.

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува

  • Поважно е како се чувствуваат отколку платата - Форум на добри компании 2025

Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да се создаде работна средина каде луѓето ќе се чувствуваат вреднувани, инспирирани и посветени.

Во Скопје денеска ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој треба да бидат истакнати клучните предизвици и решенија поврзани со современата работна култура, информираат организаторите.