1 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jun 05:45 -> 23-Jun 10:15
.
.
.
.

▷ ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ, формира „Коалиција за зелена иднина“

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ.

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година (сабота) донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност, соопштија од ДОМ.

6 (8) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 23-Jun 06:33 -> 23-Jun 10:00
.
.
.
.

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

  • Од УСС УКИМ апелираат на навремено решавање на проблемите во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите „Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје.

Фото: Мета.мк Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) доставиле две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.

8 (7) ■ вести > свет ■ 23-Jun 06:35 -> 23-Jun 10:15
.
.
.
.

Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

  • (Видео) Трамп објави видео од слетувањето на бомбардерите и рече: Направете го Иран повторно голем

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА.

„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ МИГА!“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, користејќи го акронимот MIGA за „Make Iran Great Again“, како алузија на акронимот MAGA, или „Make America Great Again“, што беше слоганот на претседателските кампањи на Трамп.

10 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 23-Jun 10:15
.
.
.
.

Што навистина кажа Мицкоски со употребата на поимот „Стокхолмски синдром“?

  • Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

  • Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

  • Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Во политиката често се користат симболи и метафори за да се пренесе длабока вистина со неколку зборови.

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани.

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.

По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија не само што не се доближи до ЕУ, туку се оддалечи од секоја стратешка насока.

15 (48) ■ вести > свет > еу ■ 21-Jun 01:42 -> 23-Jun 08:45
.
.
.
.

Трамп: Нанесената штета врз нуклеарните постројки во Иран е монументална

  • Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

  • Oва се главните нуклеарни локации на Иран

  • Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална.„Како што покажуваат сателитските снимки, монументална штета е нанесена на сите нуклеарни постројки во Иран.

Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.

Американската војска нападна утрово три цели во Иран – Натанз, Исфахан и Фордо, клучни локации на иранската нуклеарна програма, за која Техеран тврди дека е исклучиво за цивилни цели.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

78 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

99 (7) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 23-Jun 09:45
.
.
.
.

ИНРМ: Броилата мора да се видливи - ЕВН се соочува со казни до 3.000 евра

  • ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

Согласно новиот Закон за енергетика кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот на електродистрибутивниот систем е должен да овозможи визуелен пристап на потрошувачите до мерните уреди.

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.