Македонија и Бугарија се договорија да го финализираат договорот за изградба на железнички Македонија и Бугарија се чекор поблиску до реализација на заедничкиот проект за изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир, како дел од завршницата на источниот сегмент на Коридорот 8. На состанок во Брисел, двете страни се договорија до крајот на јули да го финализираат текстот на меѓувладиниот договор, со кој ќе се дефинираат техничките, финансиските и оперативните аспекти на проектот.
Во Брисел се одржа состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ). На состанокот, како што соопшти Министерството за транспорт, кој се одржал во позитивна и конструктивна атмосфера, како продолжение на последниот состанок во октомври 2024 година, се разменија мислења и се потврди посветеноста и потребата кон финализација на делот од железничкиот коридор VIII.