ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Одлуката на Извршниот комитет ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ фото: принтскрин Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје е актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, е официјалниот кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје, рече Орце Ѓорѓиевски.