Советот на Општина Кочани треба да биде место на идеи, дебата и решенија – не место на насилство.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството што се случи на седницата на Советот на општина Кочани, се истакнува во соопштението со реакцијата од партијата.
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството.
Три месеци после огромната трагедија која се случи во угостителски објект кој работел нерегуларно и бил толериран од повеќе институции, во Кочани сеуште има угостителски објекти кои работат нерегуларно и се толерирани од повеќе институции, обелодени денеска градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски со што најави поднесување кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба.