1 (6) ■ сцена > здравје ■ 20-May 12:24 -> 20-May 15:00
.
.
.
.

Општата болница - Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените во „Пулс“

  • Треба да се охрабрат пациентите да се јавуваат кај психијатар и психолог, таква помош им е потребна на сите, и на здравствените работници, вели директорката на кочанската болница - Република

Првиот тим од лекари специјалисти од Скопје, како што претходно беше најавено од Министерството за здравство, денеска дојдоа на помош на своите колеги во Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе ја спроведуваат евалуацијата на здравствената состојба на повредените од пожарот во клубот „Пулс“, за да се утврдат потребите за лекување и помагала.

3 (5) ■ вести > македонија ■ 20-May 12:05 -> 20-May 15:15
.
.
.
.

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

  • Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Во делот на второто прашање кое што го поставивте за Програмата за зелена нафта и Програмата за здрав оброк, навидум има многу аномалии кои што ги детектиравме, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање поставено од страна на пратеникот Љупчо Николовски.

Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку ова е констатација низ бројките кои што ги наследивме според сите статистики кои што говорат за вашето владеење, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при одговарање на пратеничкото прашање на Љупчо Николовски.

6 (6) ■ вести > македонија ■ 20-May 11:43 -> 20-May 14:45
.
.
.
.

Уставниот суд е во потрага по решение за учество на независните кандидати на изборите

  • Костадиновски: Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби

Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

14 (4) ■ вести > македонија ■ 20-May 12:41 -> 20-May 15:00
.
.
.
.

Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ОД СДСМ НЕ ДОЈДЕ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ПРОЕКТИ Мицкоски порача дека е важно да се гради насекаде во Македонија

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа, а тоа е кои се проектите коишто се финансирани од страна на буџетот и во првиот, но и потенцијалните коишто ќе бидат финансирани од вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, тоа го кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за локална самоуправа, рече Мицкоски.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ОД СДСМ НЕ ДОЈДЕ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ПРОЕКТИ Мицкоски порача дека е важно да се гради насекаде во Македонија Јас навистина жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции дека треба да сме заедно на ваков еден убав настан, бидејќи сепак ова се проекти за граѓаните, ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку ова се проекти за делчевчани и тоа е нашиот мотив и тоа е нашата инспирација – рече Мицкоски.

Повеќе од
оваа категорија

15 (62) ■ спорт > македонија ■ 18-May 06:09 -> 18-May 22:15
.
.
.
.

Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации

  • Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • АЛКАЛОИД ВОДИ НА ПОЛУВРЕМЕ ВО АТИНА Два гола предност за македонскиот тим на Европскиот куп

  • Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

АЛКАЛОИД ВОДИ НА ПОЛУВРЕМЕ ВО АТИНА Два гола предност за македонскиот тим на Европскиот куп Грчкиот тим го отвори натпреварот со водство од 2-0, но Алкалоид брзо ги консолидираше редовите и со серија од 3-0 го презеде водството кое го одржуваше до 20 минута.

Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим.

Повеќе од
оваа категорија

75 (5) ■ бизнис > економија ■ 19-May 16:00 -> 19-May 20:00
.
.
.
.

ЕК за 2025 предвидува раст на македонската економија и платите и пад на инфлацијата

  • ЕК предвидува благ раст на европската економија и натамошно намалување на инфлацијата

Растот на македонскиот БДП се предвидува постепено да забрзува во 2025 година, поддржан од големите јавни инфраструктурни проекти и зголемената потрошувачка на домаќинствата, како резултат на силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата, се наведува во Економската прогноза „Пролет 2025“ на Европската комисија во делот посветен на земјава.

Економијата на ЕУ ја почна 2025 година на нешто посилна основа од очекуваното, но стапката на раст оваа година се предвидува дека продолжи да бележи скромно зголемување, по што и покрај растечката несигурност во глобалната политика и трговските тензии, таа се очекува да забрза во 2026 година, се наведува во пролетната Прогноза на Европската комисија објавена денеска.