Добивај вести на Viber Од СДСМ реагираат дека денешното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски е уште една потврда дека тој е „изгубен во сопствените лаги“, додека граѓаните се соочуваат со економска криза, нови задолжувања и пад на животниот стандард.
Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира.
Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.
Соопштение за јавност на СДСМ: Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.