Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам известува дека постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитената зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.
ГРАДЕЛ ВО СРЦЕТО НА ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈА Инспекторатот стопираше изградба во Охрид, следуваат кривични пријави Поради непочитување на одредбите од Законот за градење, против инвеститорот ќе бидат поднесени соодветни пријави, а засилените контроли на инспекциските служби ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава.